Важноста од добар сон не се одразува само врз здравјето на крвоносниот систем, туку и на отпорноста на дијабетес.
Екипа научници од Чикаго ја тестирала чувствителноста на шеќерната болест кај луѓе кои во рамките на експериментот им бил нарушен длабокиот сон.
Само по три ноќи со нарушен сон кај здравите доброволци дошло до отежната регулација на шеќерот во крвта.
Организамот кај овие луѓе се однесувал како тие нагло да се здебелиле меѓу 8 и 14 килограми.
Во рамките на експериментот деветмина доброволци поминале по три ноќи во лабараторија, а кога запаѓале во длабок сон им пуштале звуци доволно силни за да ја прекинат фазата на сон, но притоа да не се разбудат.
По експериментот доброволците привремено добиле симптоми од дијабетес тип 2, нивниот организам станал помалку приемлив на расположливиот инсулин и не лачел повеќе инсулин да ја надомести неговата слаба искористеност.
Ова истражување дава можност да се насети дека подобрувањето на хигиената на спиењето може да го намали ризикот од заболување од дијабетес.

Ц. Каров