Регион

„Ди велт“: Нова трка за вооружување на Балканот

Ди велт

Во Југоисточна Европа се купува оружје како никогаш досега. Во меѓувреме, тензијата меѓу етничките групи се зголемува. Во таква ситуација Русија се меша колку е можно – и на тој начин дополнително го зголемува потенцијалот за конфликт, коментира германскиот весник „Ди велт“.

На 26 јули, Романија објави дека ја запрела рускaта испорака на оружје за Србија преку Дунав. Таа се состоеше од десет користени, но модернизирани БРДМ-2, дел од невообичаен пакет за Србија: 30 модернизирани борбени тенкови Т-72 и 30 оклопни возила. Подарок од рускиот народ за српскиот.

Дејствата на Букурешт беа аргументирани со сегашните санкции на ЕУ против
Русија за анексија на Кримскиот Полуостров во 2014 година. Потоа, Русите ги испорачаа тенковите на Србија, користејќи го воздушниот простор на Унгарија, чиј премиер Виктор Орбан секогаш се стреми кон добри односи со рускиот претседател Владимир Путин.

Српскиот премиер Александар Вучиќ експлицитно му се заблагодари на Путин на 29 јули за неговиот придонес „за зајакнување на моќта на српските вооружени сили“.

Веста ги потенцира амбициите на Србија да ги модернизира своите сили и да изгради силна одбранбена индустрија.

Тоа е експлозивно – затоа што Србија се потпира на Русија за тоа вложување, а таа е земјата која во Украина ја покажа волјата да ја зголеми својата сфера на влијание преку оружје.

Покрај тоа, Србија водеше војна против Хрватска и Косово за време на Слободан Милошевиќ и помагаше за време на босанската војна. Наспроти ова, предупредувањето на српската Влада дека ќе го нападне Косово ако земјата создаде своја армија, звучи како особено заканувачки.

За создавање армија на Косово беше донесена одлука во декември минатата година од страна на Парламентот во Приштина – затоа што Србија се превооружува.

Полска е тешката категорија во регионот

Процесот е дел од општото преуредување во Источна Европа. Особено новите земји – членки на ЕУ, од Полска и Унгарија до Бугарија, брзаат да ги модернизираат своите безнадежно застарени арсенали од советски стил. Сите земји во регионот имаат долгорочни програми за оружје, во зависност од земјата, од 2014 или 2017 година до 2026 или дури 2030 година. Тие земји се членки на НАТО. Тие го купуваат новото оружје од САД и ЕУ.

Полска е тешката категорија во регионот.

Земјата масовно ги зголемува своите воени расходи – во 2017 година до десет милијарди, 2018 година дури до 12 милијарди долари. Сега е една од малкуте земји – членки на НАТО, кои ги исполнуваат барањата на САД за одбрана во стапка од два процента од БДП, што ја бара претседателот Доналд Трамп. До 2030 година Варшава сака да ја надмине таа бројка и да потроши 2,5 проценти од својот БДП за вооружување, особено за купување супермодерни американски авиони Ф-35.

Унгарија, исто така, размислува да купи Ф-35 и следната година повторно ќе го зголеми воениот буџет за 20 проценти. Исто така, популарни се и германските тенкови „Леопард“ и хеликоптерите „Ербас“.

Романија, исто така, ги зголеми трошоците за одбрана: само во 2017 година земјата двојно ги зголеми трошоците за одбрана од две на четири милијарди долари.

Поврзани вести