Спорт

Ѓорѓи Соколовски на врвовите Маљовица и Камила во Бугарија

Младиот кочански планинар Ѓорѓи Соколовски се искачи на два рилски врвови во соседна Бугарија, врвот Маљовица и врвот Камила.

Стартот на Ѓорѓи беше од влезот на Националниот парк Рила, од каде продолжи по друга обележана патека до заслон Гранитната вода од кој водат патеки до врвовите Камилата, Злиот заб, Орловец и Ловница. Од таму се искачи на интересниот по изглед врв Камилата, од каде продолжи на атрактивната Маљовица. 

Во оваа акција Соколовски поминал 16километри со висинска разлика од околу 770м.

Следната планирана акција на младиот Соколовски е освојување на неколку врвови на Пирин  планина: Безбог, Полежан, Џангал, Момини и  Кралеви двори, Валавишки чукар, Џано и Сиврија.

Поврзани вести