Кучиња скитници спасија бебе кое една Индијка го фрли во одвод.

Камерите го снимија шокантниот настан во градот Кајтал каде жена го замотала новороденчето во најлон и го фрлила во одвод.

Дека нешто чудно се случува, забележале кучињата. Го извлекле бебето, а потоа со своето лаење го привлекле вниманието на минувачите кои повикале полиција.