Здравје

Јадењето риба може да влијае позитивно за интелигенцијата кај децата

Тинејџерите кои јадат риба барем еднаш неделно постигнуваат подобри резултати на тестовите за интелигенција без оглед на степенот на образование на родителите, покажува ново истражување на 4.000 испитаници.
Јадењето риба еднаш неделно е доволно за зголемување на вербалната интелигенција и на интелигенцијата за снаоѓање во просторот за просечно 6%, а честото внесување риба ја зголемува интелигенцијата за 11%.
Авторите на студијата истакнуваат дека за позитивното дејство се заслужни омега 3 масните киселини кои се содржат во рибата.

Ц. Каров

Поврзани вести