ПСК Осогово од Кочани во месец јули реализираше три различни планинарски акции, а организациски клубот се истакна и со традиционалниот Петровденски марш.

Јули осоговци го обележаа со 120 изодени километри и 15 искачени врвови. 

Две од трите планинарски акции се изведени на планината Пирин, а една на Осоговијата. 

На Пирин беа искачени врвовите Џангал, Кралев Двор, Момин Двор, Вихрен, Кутел 1, Кутел 2, Бански Суходол, Разлошки Суходол, Бахови Дупки 1, 2 и 3, Кончето и Каменитица, додека на Осоговијата беа искачени врвовите Царев Врв и Руен. 

Во идниот период планинарите на Осогово ќе се искачат на повеќе врвови, меѓу кои планирани се и некои од највисоките на Балканот, како оние на планините Рила и Олимп.