Неверојатен успех преку испешачени 22 километри иосвоени 7 врвови се резултат на дводневната викенд акција на Ѓорги Соколовски.

Во дводневната акција со ноќевање покрај Тевното езеро, Ѓорги без никаков напор ги освоил следните врвови, дел од главното Пиринско било:
СИВРИЈА 2590 метри, ДЖАНО 2657 метри, ЧЕНГЕЛЧАЛ 2709 метри, ДЕМИРЧАЛ 2674 метри, ВАЛАВИШКИ ЧУКАР 2670 метри, МОМИНИ ДВОРИ 2722 метри и ДЖАНГАЛ 2729 метри.

Ѓорги две години по ред е добитник на стипендија од Агенцијата за млади и спорт а неговите активности и успеси потврдуваат дека доделената стипендија  е во прави раце.

Имаме најава за две нови акции и нови освојувања од страна на Ѓорги.

Едната повторно на Пирин Планина, и врвовите: Кралеви двори, Мала Каменица, Каменица, како и планирана заедничка акција на Пелистер со друг надежен млад планинар исто така добитник на стипендија од Агенцијата за млади и спорт.