За време на багремовата паша, ако временските услови се поволни, внесот на нектар може да биде и преку десет килограми.
При преработката на големите количини нектар во зрел мед, а и поради одржување на неопходната микроклима, на пчелите им е неопходнен многу свеж воздух.
Ако дневниот внес на нектар е пет килограми, пчелите “исфрлаат” помеѓу осум и осумнаесет илјади литри воздух на час.
За да се намали бројот на пчели кои се ангажирани во оваа активност пчеларите им обезбедуваат што поголема количина свеж воздух.
Добра вентилација постигнуваат со подница изработена од мрежа, којашто има отвори од 3 милиметри.