Воспаление на простатата, циститис, цревни заболувања и гнојни инфекции се само некои од последиците од зараза со бактеријата ешерихија коли.
Таа е мошне честа во нашата животна околина и предизвикува бројни инфекции.
Спаѓа во големата фамилија на ентеробактерии, кои често ги има во човековата средина.
Голем број видови, вклучувајќи ја и ешерихијата, ја сочинуваат нормалната микрофлора на цревата на здравиот човек.
Бактериите од овој вид спаѓаат меѓу прилично отпорните.
Со месеци можат да живеат во водата и во земјата а мошне долго на разни предмети.
Во голем број хранливи продукти лесно и брзо се размножуваат.
Постојат соеви ешерихија коли кои лачат отровни супстанции како, на пример, ендотоксинот, кој е отров чие токсично дејство се манифестира во луменот на цревата.
Предизвикува исфрлање на водата од ткивата и крвта во луменот на цревата, а како последица на тоа се појавува пролив.