Од 22-ри август, телевизија Ирис не постои повеќе во македонскиот етер. На штипската регионална телевизија ѝ е одземена дозволата за работа од страна на ААВМУ.

Се работеше за една од најстарите локални македонски телевизии, заедно со скопска МТМ, охридска ТВМ, тетовска Кис, гевгелиска ГТВ, битолска Тера, кавадаречка КТВ итн.

Ирис е втората штипска телевизија која згаснува, после Телевизија Теко во 2002 година.

Единствена телевизија со седиште во Штип, која останува во етерот е телевизија Стар, која зрачи од 2002 и е во сопственост на Симеон Марјанов.