Кога сте под стрес ништо не може да ве опушти како долга прошетка, било да е во природа или во град.
Овој вид на активност толку многу му годи на организмот што не е ни чудно зошто лекарите често советуваат прошетки.
Оваа едноставна навика може да се смести помеѓу најефикасните методи за лечење на разни болести.
За да се постигнат резултати од прошетките доволно е 15-20 минути пешачење дневно.
Научниците утврдиле дека два ипол часа неделно потрошени за пешачење (21 минута дневно) го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести за 31%, а за процент повеќе ја намалува прераната смрт.
Секој човек има гени кои влијаат на склоноста кон гоење, а еден од најчестите начини да се избориме со тоа е да го намалиме нивното влијание.
Утврдено е дека едночасовна дневна прошетка го преполовува влијанието на овие гени.
15 минути од оваа активност во текот на денот помага при надминувањето на желбата за благо, па и за слабеење.
Исто така секојдневно пешачење од 20 минути го повишува нивото на серотонин, поради што ќе се чувствувате помалку стресирани.
Лекарите тврдат дека 10 минути пешачење во текот на денот помага при намалувањето на крвниот притисок, а доколку одите 15-20 минути секој ден, големи се шансите дека вредностите на притисокот ќе ви се вратат во нормални граници на вредноста.
Со шетање се подмачкуваат зглобовите и се ојачуваат ‘рскавиците, особено во колената, и се спречува вкочанетост и болка во кичмата.