На зелената жаба и претстои опасност од изумирање.
Жабата која живее во трски се поретко се среќава исто како и дамчестиот дождовник.
Што ќе биде ако утре исчезнат и водните цветови, вилинските коњчиња, крастави жаби, а со нив и илјадници други животни?
Што ќе биде ако птиците преселници престанат да доаѓаат на нашите простори?
Се ова се опасности кои следат ако продолжиме така да постапуваме со барите.
Повеќе од половината од барите се затрупани или загадени.
Бара е простор исполнет со слатка вода во која сончевите зраци допираат до дното и така овозможуваат на растенијата да се размножуваат на сите нивоа.
Во еден метар квадратен од барата можат да се најдат десетици видови растенија и животни, што ја претвора барата во еден мал, посебен свет.
Во барите се размножуваат и мноштво животни како краставата жаба и дождовникот.
Дождовникот доаѓа еднаш годишно да положи јајца во барата во која е роден.
Понекогаш овој водоземец поминува километри( дури преку сушни области) за да дојде до барата во која е роден.
Но, што ако барата исчезнала?
Во барите храна и живеалиште освен водоземците, наоѓаат и многу видови птици( најчесто преселници).
Можеме да се помириме со тоа дека овие екосистеми засекогаш ќе исчезнат, или да започнеме со нивна заштита. Доколку се исчистат загадените и се создадат нови бари може да се одржи еколошката рамнотежа и да се зачуваат овие екосистеми.
Можеби повторно ќе дојде време кога секое село ќе има своја бара во која добитокот ќе се носи на поило, а децата ќе ловат полноглавци во истата.