Македонија

Од октомври минималната плата ќе изнесува 15.500 денари

Владата донесе одлука минималната плата во земјата да се зголеми на 15.500 денари. Министерот за економија, Крешник Бектеши, за ТВ21 рече дека Владата работи на посебен закон за зголемување на платите во приватниот сектор, при што државата ќе ги покрие трошоците за придонесите.

„Наскоро се очекува пораст на минималната плата во земјата, врз основа на економскиот раст кој го имавме во текот на годината, истовремено и зголемувањето на индустриското производство. Сметаме дека има простор за значителен раст на минималната плата, но како Влада работиме на посебен закон за зголемување на платите во приватниот сектор каде државата ќе ги покрие придонесите. Паралелно работиме на два нови проекти“, вели за ТВ21, Крешник Бектеши – министер за економија.

Поврзани вести