Иако лековитите печурки се водат како здрава храна, во народната кинеска медицина илјадници години наназад се користат како храна, но и како лек дури и за најтешките заболувања, вклучувајќи ги и малигните.
Затоа нивната примена при овие заболувања ширум светот е масовно прифатена и документирана.
Лековитите печурки се природен извор на полисахариди кои делуваат на одбрамбениот систем, го поттикнуваат да ги препознава малигните клетки и непосредно да ги уништува, со што повторно се воспоставува биолошка рамнотежа во организмот. Затоа употребата на печурките односно екстрактите од лековити печурки во секојдневната исхрана може да го забави ширењето на болеста, да помогне во процесот на регенерација и да овозможи оптимална превенција од појава на метастази и рецидив.