Регион

Балкански автократ – можен само ако ЕУ подзамижува

Властодршците на Западен Балкан се во некоја врста шпага, би ја бранеле власта со сите средства, но мораат да одржат демократска фасада. И во тоа имаат помош од Западот, пишува во новата книга професор Флоријан Бибер.

Зошто Вучиќ со декрет не ја забрани опозицијата? Зошто Ѓукановиќ не ги затвори со пушки критичките медиуми? Што го спречуваше Груевски фино официјално да си воведе диктатура? И зошто некогашните првоборци на УЧК не го поделат Косово меѓу себе како да е наследство од дедо им?
Навистина, зошто сето тоа глумење демократија кое само му пречи на гласниот балкански автократ?
„Теориски, би можеле да ги отфрлат демократските правила и да воспостават отворен автократски систем. Сепак, тоа би било доста ризична стратегија”, вели професорот Флоријан Бибер во својата нова книга. „Евроинтеграциите и со нив и демократијата се дел од поширокиот општествен консензус веќе две децении, а овие земји се мали и цврсто поврзани со ЕУ.”
Бибер поимот „автократ“ го употребува во смисла на „компетитивен авторитаризам” – тука демократски институти како избори се сметаат за единствена начин да се дојде на власт, но потоа државата се заборава и се стекнува предност над политичките противници. Книгата „Јакнење на авторитаризмот на Западен Балкан” во издание на Palgrave Macmillan требало да биде објавена кон средината на септември, но веќе е достапна на редакцијата на ДВ. Во книгата Бибер, луксембуршки професор на трајна работа на универзитетот во Грац и одличен познавач на Балканот, трага по состојките кои го прават балканскиот автократ. Во делото преполно со референци и напишано на академски начин заради што веројатно повеќе ќе ги интересира стручњаците отколку широката јавност, Бибер ги сумира изминатите децении во шесте држави кои се во чекалницата на ЕУ, како и во Хрватска. За читателите на кои им се познати тие пикантерии најзанимлив ќе им биде делот за улогата на ЕУ односно Западот, без кои таков тип на автократи не би бил возможен.

Автор: Немања Рујевиќ за DW

Поврзани вести