За прв пат Светската здравствена организација ќе ја признае традиционалната кинеска медицина во својот влијателен глобален медицински компендиум. Ова е заложба на Чои Сунг-хун, советник за традиционална медицина за канцеларијата на СЗО за западен Пацифик, со седиште во Манила, вели Мартин Каровски, раководител на ЈУ Центарот за традиционална кинеска медицина во Штип.

Сето ова ќе стане реалност кога управувачкото тело на СЗО, Светското здравствено собрание, ќе ја усвои 11-тата верзија на организацискиот глобален компендиум, познат како Меѓународна статистичка класификација на болести и проблеми поврзани со здравјето – the International Statistical Classification of Diseases and Related Health Problems (ICD). 

За првпат ICD ќе содржи детали за традиционалната медицина.

ICD ќе содржи 3.106 термини и нивни адаптирани англиски преводи – клучна алатка за распространување на практиките. 

За СЗО оваа глобална стратегија ќе произведе еден вид на водич за земјите членки и другите светски фактори од оваа област за регулација и интеграција на безбедни и квалитетни традиционални и комплементарни медицински продукти, практики и практичари. 

Така ќе се промовира безбедна и ефикасна употреба на традиционалната медицина преку регулирање, истражување и интегрирање на производи, лекари и практики од традиционална медицина, каде што тоа е соодветно, вели Каровски.