Пред појавата на разните гелови за туширање и сапуни, луѓето живееле многу поздраво.
Се миеле со вода и сапун којшто лично го правеле.
Денес за многу луѓе е незамисливо да не се насапунат, истушираат или бањаат во када секој ден.
Со оваа навика се намалува имунитетот и се намалува нормалното ниво на бактерии на кожата кои неслучајно се наоѓаат таму.
Доколку не се нарушени, овие бактерии во допир со нечистотија ги препознаваат штетните бактерии и ја штитат кожата од создавање на акни.
Човечкото тело има милијарди бактерии, како на кожата така и во цревата, а нивната рамнотежа е многу важна за нашето здравје.
Редовен контакт со нечистотија ги учи бактериите(оние кои физиолошки се на кожата) да ги препознаваат штетните бактерии.
Единствено што се препорачува за одржување на личната хигиена е благ сапун.
Повеќето антибактериски сапуни се преполни со силни хемикалии кои ја нарушуваат рамнотежата на бактерии на кожата.
Лекарите тврдат дека нечистотијата не е причината за повеќето болести, туку убивањето на добрите бактерии.