Седум млади борачи на БК Балканец вчера учествуваа на меѓународниот турнир во борење “8-ми септември” кој се одржа во Скопје под организација на БК Вардар. На турнирот учествуваа над 110 борачи во машка и женска конкуренција од девет клубови од Македонија и по еден клуб од Србија и Косово. Борачите на БК Балканец ги постигнаа следниве резултати:
66кг. Тео Стојков I-место
68кг. Љупче Ташев II-место
75кг. Андреј Трајчов II-место
32кг. Леон Манов III-место
57кг. Никола Гацов III-место
57кг. Бојан Спасевски III-место
75кг. Христијан Коцев III-место