Дали некогаш сте се запрашале, во која држава сонцето најрано изгрева?
Доколку набљудуваме одреден датум или одредено годишно доба, можеме да утврдиме која држава прва го гледа раѓањето на сонцето.
Станува збор за држава која се наоѓа најблиску до датумската граница која го сече Тихиот океан, од северниот кон јужниот пол.
Западно од датумската граница, некаде на средината на Тихиот океан, се наоѓа Независна Суверена Република Кирибати.
Кирибати опфаќа две временски зони (+13 и +14).
Во оваа држава сонцето најрано се раѓа.
Кога станува збор за најбрзо раѓање на сонцето, тогаш зборуваме за група на држави.
Доколку сонцето брзо се раѓа, значи ноќта трае кратко.
Ова се случува во пределот околу поларниот круг.
Ова подрачје ги опфаќа Русија, Канада, Исланд, Данска, Финска и Шведска.
На оваа географска ширина, преку лето сонцето заоѓа зад хоризонтот неколку минути пред полноќ како би изгреало неколку минути по полноќ.
Вистинската ноќ овде трае околу десетина минути.