На втората седница на Собранието на Џудо Федерацијата на Македонија за 2019 година одржана во Прилеп, за нов Претседател на федерацијата со мнозинство гласови е избран Владимир Трпаноски.

Трпаноски на местото Претседател доаѓа откако Собранието на федерацијата ја прифати поднесената неотповиклива оставка на досегашниот Претседател Зегљуљ Реџепи.

Освен изборот Претседател на федерацијата, на седницата беа избрани и новите Потпретседатели, нов Извршен Одбор и нов Надзорен Одбор.

Делегатот на Џудо Клубот „Гладијатор“ од Кочани Борче Павлов е еден од тројцата членови  на новоизбраниот Надзорен Одбор.

Инаку новиот Претседател, Владимир Трпаноски е познат и признат работник во џудо спортот, поранешен џудист, долги години активен член во федерацијата а моментно актуелен Комерцијален Директор на АД „Витаминка“ од Прилеп.