Занимливости

Зошто вените изгледаат сини кога крвта е црвена?

Вените внатре се црвени како и крвта, ова ќе ви го каже секој хирург.
Тогаш зошто ние преку кожата ги гледаме сини?
Одговорот не е така едноставен и се однесува на тоа како вашите очи ја гледаат бојата, како светлината се однесува при контакт со вашата кожа и специјалните својства на крвта.
Интересен е начинот на кој човековото ткиво и крв рефлектираат и апсорбираат светлина.
Кога светлината доаѓа до човековото ткиво започнува да се распрснува кон сите клетки и останати структури.
Оваа светлина или е асорбирана во ткивото или ќе исчезне преку кожата со помош на рефлексија.
Светлината која се рефлектира ние можеме да ја видиме со голо око.
Крвта е црвена благодарение на хемоглобинот,  протеин, кој се врзува со кислородот и го пренесува) во црвените крвни зрнца.
Хемоглобинот има способност да апсорбира многу сина светлина и да рефлектира многу црвена.
Кога некој посинува во лицето тоа значи дека нема доволно кислород.
Вените за разлика од артериите носат редуцирана крв( сиромашна со кислород а богата со јаглероден диоксид и крајни метаболни материи).
Ткивото околу вените асорбира многу повеќе црвена светлина од крвта богата со кислород.
Колку повеќе асорбирана црвена светлина има толку помалку ја гледаме.
Кога црвеното светло се ресобира во вените, а исто така се рефлектира од околното ткиво, на површината гледаме дека црвениот дел е над вените, а не околу нив.
Длабоките вени секогаш ќе делуваат сини поради деоксидираната крв која ја содржат(оваа крв рефлектира помалку црвена светлина од околното ткиво).
Ова не зависи само од длабочината на вените туку и од нивната дебелина.
Се ова креира оптичка илузија.
Вената изгледа сино не затоа што рефлектира повеќе сина светлина туку затоа што помалку црвена светлина се рефлектира од вената а не од околното ткиво.
Заради тоа што сините зраци се пократки од црвените, вените кои се длабоко ќе изгледаат сини.
Делува многу контрадикторно, но значи дека црвените, долги зраци ќе се асорбираат а кратките, сини ќе се рефлектираат( ние можеме да ја видиме сината светлина со голо око).
Накратко вените делуваат сини затоа што носат деоксидирана крв, што значи дека рефлектираат помалку црвена светлина од околното ткиво.
Колку е вената подлабока, толку посина ќе биде.
Вените се полесно видливи кај луѓе со посветол тен.

Поврзани вести