Занимливости

Зошто имаме вдлабнатина помеѓу носот и устата?

Веројатно не знаете што претставува вдлабнатината помеѓу носот и горната усна.
Дали некогаш сте се запрашале зошто имаме вдлабнатина помеѓу носот и горната усна, зошто се јавува и за што служи.
Стручно кажано, се работи за филтрум, која за човечкото лице значи речиси исто што нос или очи.
Но, што е филтрум и зошто го имаме?
Според достапните информации, објаснувањето е поврзано со начинот на кој лицето ни се обликува во текот на развојот.
Филтрум означува локација на која различни делови од лицето се спојуваат во едно.
На тоа место “човековата сложувалка” се спојува во едно, односно три главни дела се спојуваат над горната усна и формираат филтрум.

Поврзани вести