Сеуште не е утврдено зошто луѓето месечарат или одат во сон.
Некогаш луѓето верувале дека личностите кои месечарат ги проживуваат своите сонови.
Одењето во сон не е необично, особено кај малите деца.
Според некои статистики ова му се случува на секое петто дете.
Се случува во првата половина од ноќта и трае помеѓу пет и петнаесет минути.
Лекарите тврдат дека месечарите можете слободно да ги будите.
Веројатно е дека ќе ги збуните, но тоа е се’.
Експертите истакнуваат дека најголем број на месечарења е забележан кај децата.
Имено, детскиот мозок се развива брзо и прима многу податоци од околината.
Според група научници, детскиот мозок не е доволно зрел за да може да се сноси со разликите помеѓу будноста и сонот.
Кога детето се наоѓа во фаза на длабок сон, станува и извршува активности.
Станува збор за фаза кога се лачат најмногу хормони.
Се смета дека токму тоа лачење на хормони е виновно за месечарењето.