Занимливости

Научниците открија зошто пандите се црно бели

Научници од Калифорнија конечно пронајдоа одговор зошто пандите се црно-бели.
Тие ги споредиле црното и белото крзно на пандата со крзното на уште 200 други врсти, а потоа резултатите ги анализирале заедно со факторите на опкружување.
Пандите не хибернираат за разлика од другите мечки, така да се исклучува дека со бојата регулираат телесна температура.
Истражувачите пишуваат дека белиот дел од крзното им служи на пандите за полесно да се камуфлираат во снежно опкружување, додека со темните делови полесно се сокриваат во шума.
Исто така научниците утврдиле дека пандите имаат црни уши за да им изгледаат пострашни на потенцијалните предатори.
Темните дамки околу очите им служат за распознавање, бидејќи секоја панда има различен облик на тие дамки.
Ниту еден друг цицач нема слични шари.
Научниците дошле до овие резлутати така што секој дел го набљудувале како посебен.

Поврзани вести