Како да се сопрат инфекциите на уринарниот систем?

За жените:

* Одржувајте ја хигиената на интимниот дел од телото употребувајќи благ сапун со неутрална pH. Избегнувајте ја употребата на пенливи купки, пудри, спрејови за интимна употреба бидејќи дејствуваат надразнувачки и со тоа поттикнуваат инфекции и воспаленија;
* Пијте доволно течности (8чаши вода на ден) – помага во плакнење на бактериите од уринарниот тракт;
* Не одложувајте го мокрењето;
*Усвојте навика да мокрите на секои 2 до 4 часа, но и непосредно по сексуалниот однос;
*избегнувајте тесна долна облека;
*Избегнувајте прекумерни количества течности кои го иритираат мочниот меур(алкохол, газирани и кофеински напивки);

За мажите:

Бидејќи хроничниот бактериски простатитис е главна причина за повторни појавувања на инфекции на уринарниот систем, за да го спречите, треба да го избегнувате сето она што може да ја иритира простатата:
*Студ;
*Седење на ладно;
*Алкохол и газирани напивки;
*Јаки зачини;
*Лута храна;
*Возење велосипед;