„Годината 2078 година ќе го славам мојот 75-ти роденден. Ако имам деца, можеби тие ќе го поминат тој ден со мене. Можеби ќе ме прашаат за вас. Можеби ќе прашаат зошто не презедовте ништо додека сè уште имало време да се дејствува. Велите дека ги сакате своите деца пред сè, а сепак им ја крадете  иднина пред нивните очи. Додека не започнете да се фокусирате на она што треба да се направи, туку политички пристапувате, нема надеж“.

Ова се пораките на Грета Тумберг една од 25-те највлијателни тинејџерки на светот според светскиот магазин „TIME”. Девојчето од Шведска беше номинирано  за Детската климатска награда, но одби да ја подигни затоа што одбива да патува со авион и го осудува авионскиот транспорт како еден од најголемите загадувачи на природата. Таа одржа говори пред сите светски моќници и институции.

Таа одби да оди на училиште:

„Зошто треба да учам за иднина што наскоро може да ја нема повеќе, кога никој не прави ништо за да ја спаси таа иднина? И, која е поентата на учење факти кога најважните и најочигледните факти не значат ништо за нашето општество?”

Пред да ја увиди светот решителноста на Грета Тумберг во борбата против климатските промени таа беше осамена личност која седеше пред Парламентот  во Стокхолм, носејќи знак „Училишен штрајк за климата”. Инспирирана од преживеаните од училишното пукање во февруари 2018 година во Паркланд, Флеј, таа започна да штрајкува  секој петок и да не посетува настава. Почна да се обраќа на социјалните медиуми за да ги натера политичарите да ја поддржат и да преземат чекори кон запирање на емисијата на јаглерод. Од Конференцијата за климатски промени во Соединетите Држави во декември, следењето на Твитер на Тунберг се зголеми за скоро 4000% и достигна 612.000. Многумина, исто така ја поддржаа штрајкувајќи и  барајќи промена.

Пред тоа, никогаш не зборував кога бев на  часови или со соучениците.Но, сега зборувам и се обраќам кон целиот свет“,  рече таа веднаш по нејзиниот говор во Лондон.

Грета не само што зборува отворено за климатските промени, туку и за нејзините медицински дијагнози. Поточно, таа страда од компулсивно опсесивно нарушување, селективно пелтечење и Аспергерово растројство, но кога станува збор за климатските промени, нејзините дијагнози се длабоко во позадината. Инаку, Аспергеровото растројство е на спектарот на аутизам и обично луѓето имаат проблеми со социјална интеракција и емпатија.Селективното пелтечење се јавува само во одредени ситуации кога поединецот смета дека е крајно стресно и повремено го чувствува стравот од сопствениот глас. Но, не кога девојчето зборува за климата и промените кои треба итно да ги направиме сите ние.

Нејзините моќни зборови на UN Climate Change Conference во Полска во декември 2018 година ја фрлија целата одговорност на светските лидери . Тие како носители на одлуките ја загрозуваат иднината на сите деца на светот. Еве ги моќните зборови со кои „удри” по сите возрасни:

“Јас се викам Грета Тунберг. Јас имам 15 години и сум од Шведска. Јас зборувам во име на Климатската правда. Многу луѓе велат дека Шведска е само мала земја. Но, научив дека никогаш не сте премногу мали за да направите разлика и ако неколку деца можат да добијат наслови низ целиот свет само со тоа што не одат на училиште, тогаш замислете што можеме да направиме сите заедно ако навистина сакавме.

Денес користиме 100 милиони барели нафта секој ден. Нема политика да го смени тоа. Не постојат правила да се задржи тоа масло во земја.

Значи, не можеме да го спасиме светот играјќи според правилата. Бидејќи правилата треба да се променат.

Ние не сме дојдени тука да ги молиме светските лидери да се грижат за нашата иднина. Тие нè игнорираа во минатото и повторно ќе не игнорираат.

Дојдовме тука за да им кажеме дека промената доаѓа, сакале или не. Луѓето ќе се кренат на предизвик. И бидејќи нашите водачи се однесуваат како деца,ние, децата ќе мора да ја преземеме одговорноста што требаше тие да ја преземат одамна“.

Се сеќавате ли како пред петнаесетина години имаше јасна граница помеѓу годишните времиња? Како уживавме во бел и ладен Божик, блага есен и пролет и летни одмори кога температурата никогаш не надминуваше 30 Целзиусови степени?

Зошто дозволивме тоа да исчезне?

Ако лелекот на природата не е доволен за нас, нека ни биде повикот на Грета. Да го слушаме и да сториме се што можеме.Барем да се обидеме.

Треба под итно да почнеме да ги менуваме навиките, да користиме велосипеди, да рециклираме, да користиме платнени торби. Треба да го избегнуваме, бојкотираме користењето на пластиката. Ако ги комбинираме сите овие, навидум мали постапки, добиваме вредни резултати.

Грета нека ни биде повикот за нашето неопходно будење. Заради нас самите и заради иднината на нашите деца за која толку многу се залагаме и бориме, а по се изгледа во сосема погрешен правец.

 

Христина Фуна