На 87-годишна возраст почина поранешниот француски претседател Жак Ширак.

Ширак беше претседател на Франција во два мандата –1995 до 2007 година. Претходно беше градоначалник на Париз и премиер.

Во 2011 година, Ширак беше осуден на две години затвор за злоупотреба на државни фондови и судир на интереси додека бил градоначалник на Париз.

Една од најважните политички реформи што тој ги спроведе е намалување на мандатот на францускиот претседател од седум на пет години.