Денес заврши Балканското првенство во борење за јуниори, кадети и у-15 кое се одржува во Панаѓуриште (Бугарија). Од БК Балканец настапија борачите Стефан Штерјов, Фадил Назифов и Андреј Трајчов. Во кадетска конкуренција до 48кг. бронзен медал освои Стефан Штерјов кој на ова натпреварување се здоби и со повреда. Во екипно бодување во кадетска конкуренција Македонија го освои третото место позади селекциите на Турција и Бугарија. На ова првенство правда делеше и штипскиот судија Даниел Илијев.