Емил Павлов шампион на Премиер лигата во Москва.
Во финалето Емил убедлив и против еден од најдобрите светски каратисти во категорија – 60 килограми Ерај Самдан од Турција со 3-1, со кого лани беа финалисти во Дубаи. Во полуфиналето ги совлада и актуелниот светски шампион Крешенцо од Италија со 1-0, во четвртфиналето поранешниот светски првак Бросе од Бразил со 2-0, во осминафиналето шампионот на европските игри во Минск Калнинс од Летонија со 5-3. Претходно во првото коло беше доминантен над Киш од Унгарија со 4-1 а во второто против Гомез од Шпанија со 6-0. Со оглед на врвната конкуренција ова е импресивен и редок скор во шесте победи, 21 освоен и само 5 загубени поени. За двојниот европски шампион и четирикратен медалист од европските првенства ова е еден од најголемите успеси досега, во борба за олимписка норма за Токио 2020.