Денеска во кабинетот во општина Штип, градоначалникот Благој Бочварски, го прими каратистот Емил Павлов, кој завчера стана шампион на карате премиер лигата во Москва.

– Општина Штип се гордее со успесите на Емил Павлов. Лично му честитав за новиот голем успех и освојувањето на златниот медал во Москва. Општина Штип му додели ваучер како симболична поддршка со цел да продолжи да се надградува во каратето и наскоро да не израдува со нов голем успех на големите натпреварувања. Емил до златниот медал стигна победувајќи двајца светски и еден европски првак, изјави Бочварски.