Луѓето кои имаат проблеми со зуење во ушите-тинитус, би можеле да имаат корист од терапија со музика, покажува новото изтражување на германски стручњаци.
Тинитус е чувствување на звук во увото без надвореше фактор, и тој звук може да се слуша како шум или како зуење.
Во градот Минсетер во Германија истажувачите направиле експеримент во кои учествувале 39 луѓе со хроничен тинитус. Притоа сите учесници во истражувањето биле замолени редовно да слушат музика.
На некои учесници им е пуштана музика со иста фрекфенција како и зуењто во нивните уши при што зуењето било отстрането.
После 6 месеци кај овие пациенти состојбата значително се подобрила, додека кај оние кој слушале најизменична музика немало никаква промена.
Истражувачите тврдат дека тинитусот може значајно да се намали преку терапија со музика што е погодна и евтина метода, а се прилагодува на сите музички вкусови.
Најчеста причина за зуење во уште (30%) е од оштетување на нежните слушни клетки од прашина или галама, во што спаѓаат пред се музиката што ја слушаат младите во слободно време (слушалки, клубови, концерти), но и галамата на работното место.