Дека Кина е полна со чудни појави постојат многу докази а еве и некои од нив:

Полицијата во Кина нема кучиња (можеби сите се изедени) но, затоа користат гуски.
Гуските имаат добар вид и прилично се агресивни. Ова ги прави добра алтернатива на кучињата чувари.

Во Кина жителите никогаш не се истеруваат насилно од дома, дури и ако во целото подрачје околу нив се гради.
Во вакви случаи градителот гради околу куќата на оние кои не сакале да ја напуштат својата куќа.

Малите кинези имаат посебни панталони кои им овозможуваат полесно да извршат голема нужда.
Често може да се види како мајките го држат своето дете над канта за ѓубре, а панталоните не мораат ниту да се соблечат.

Во Шангај е тренд да се оди секаде во пижами.
Таму, ако на ручек отидете облечени во пижами воопшто нема да биде чудно

Поврзани вести