Јадењето лук и нередовното миење на забите не се единствени фактори за лош здив. Еве неколку причини кои доведуваат до лош здив.

Дишењето преку уста може да доведе до испарување на плунката, што ја исушува устата и овозможува натрупување на наслаги и непријатен здив.
Некои луѓе дишат преку устата додека спијат, а многумина го прават ова и за време на вежбање.
Едно истражување од Германија во 2015 година открива дека личностите кои повеќе време поминуваат во теретана ја зголемуваат можноста за кариес. Затоа треба да се води сметка за хидрираноста на организамот.

Бактериите на јазикот се една од главните причини за лош здив.
Исчистете го јазикот со четка за за јазик или со посебна четка за јазик.

Кога го намалувате внесот на јаглехидрати, а го зголемувате внесот на протеини, вашето тело ги согорува мастите и ги претвора во енергија.
Во тој процес учествуваат кетони кои можат да предизвикаат лош здив. Овој проблем привремено може да се реши си гума за џвакање.

Алкохолот исто така доста ја исушува устата што ги поттикнува бактериите кои можат да доведат до халитозис(стручно име за непријатен здив).
Кофеинските пијалоци и зачинетата храна исто така можат да доведат до лош здив.

Расипаните заби влијаат кај халитозис.
Кариесот доведува до појава на шуплини на забите кои тешко се чистат па остатоци од вашиот последен оброк можат да се задржат таму подолго време од вообичаеното и да доведат до лош здив.

Повеќе од 400 лекови, помеѓу кои се истакнуваат антидепресивите и антиалергиските лекови, можат да го намалат протокот на плунка, со тоа да ја исушат устата и да предизвикаат лош здив.