Македонија Спорт

Штипските гладијатори спремни за Balkan’s Best Fighters 2019

Славче Арсов, Никола Нацев, Марјан Попадинов, Антонио Петров, Јован Данилов и Драгана Данилова се имињата на штипските кикбоксери од КБК ,,Гладијатор”, кои под тренерството на Шенол Асанов од 14-ти до 17-ти октомври ќе земат учество на угледниот меѓународен турнир Balkan’s Best Fighters, чиј домаќин е градот Ниш во Србија.

Освен српски и македонски претставници, во Ниш ќе настапат и кикбоксери од Бугарија, Црна Гора, Грција, Турција, Романија и Албанија.

Поврзани вести