На светот постојат околу 10-12% левучари, кои важат за видни музичари, математичари, тенисери….
Исто така леваците ги бие глас дека се многу посрамежливи од деснучарите.
Според досегашните податоци, има повеќе левучари меѓу генијалците, и листата со интересни факти за левучарите не завршува тука.
Леваците со факултетска диплома во просек стануваат за 26% побогати од колегите деснучари.
Пијат често и брзо, но десната страна на мозокот, која ја користат повеќе од левата, има помала толеранција на алкохол па доста брзо се опиваат.
Имаат поголема веројатност да страдаат од мигрена, алергија и инсомнија.
Побрзо се опораваат од мозочен удар.
Во состојба се да примаат повеќе информации и да решаваат посложени задачи.
Левак може полесно да научи да пишува со десната рака отколку деснучар со левата.
Мајките постари од 40 имаат поголема веројатност да родат дете левак за разлика од мајките во порана возраст.

Поврзани вести