Занимливости Свет

Државите кои ги променија своите имиња

Државите не се статична географска категорија.
Како и се на нашата планета, тие се менуваат, растат, се смалуваат, исчезнуваат, се делат…
Државите не се единствените што се менуваат. Понекогаш се менуваат нивните називи.
Најчесто причините за промена на името се политички. Овде првенствено се мисли на новосоздадени држави кои се формирале отцепувајќи се од поголема држава. Исто така, ослободувањето од колонијална власт и слични облици на заробеништво често претходат на менување на државното име.

Најнов пример за преименувана држава бележи Африка, а последица е ослободување на истите од колонијални освојувачи. Па така денес ја имаме државата Бурикина Фасо која до 1984 година се нарекувала Горна Волта, Централноафричка република која до 1958 била Убанги-Шари, потоа ДР Конго која до неодамна се викаше Заир, Етиопија низ историјата е позната како Абесинија.
За време на колонијалниот период, во Африка постојала држава позната под името Родезија. На некогашната јужна територија на Родезија подоцна настанал Зимбабве, а на северната територија Замбија.
Танзанија некогаш била поделена на Занзибар и Тангањика, Алжир се викал Нумидија, а Либија -Триполитанија.

На азискиот континент денешната држава МјанМар долго време се викала Бурма, Тајланд бил Сијам, а Шри Ланка била Цејлон, Камбоџа долго време била позната како Кампуча.

Денешната независна островска држава Вануату до 1980 година била позната како Нови Хебриди.

На европскиот континент највпечатливи промени околу името се предизвикани од политичката ситуација. Така поранешната СССР, по отцепувањето на дел од републиките, стана Руска Федерација, Чехословачка престана да постои и од неа настанаа независни држави Чешка и Словачка.

Европјаните Австралија најпрво ја нарекле Нова Холандија, Иран бил Персија, а Ирак Месопотамија, Чешка низ историјата била позната како Бохемија и Моравска.

Нема сомнеж дека со создавање на нови независни републики ќе се создадат и нови имиња за истите.

Поврзани вести