Резервоар на зараза на сите типови ешерихија коли најчесто е човекот.
Бидејќи се работи за мошне отпорна бактерија, лесно се пренесува на разни начини и со различни средства.
Може да бидат телиња и крави кои боледуваат од маститис инфицирани од ешерихија коли.
Бактериите најчесто се пренесуваат преку месо, млеко, зелена салата, преку вода или нечисти раце, но може да се пренесе и преку разни предмети за општа употреба.
Најчест извор на зараза се изметот и урината од заболените.
За лекување на ешерихија коли се употребуваат антибиотици според направениот антибиограм. Со прекумерна и нерационална употреба на антибиотици се зголемува процентот на отпорни соеви.
Не постои вакцина против ешерихија коли.