Со векови луѓето ги обожувале мачките, се плашеле од нив и ги сметале за волшебни суштества. Митот дека мачките имаат повеќе животи е присутен насекаде по светот, но не секаде се девет животи, бројот варира во секоја култура.
Стара англиска изрека објаснува дека мачките имаат три животи да си играат, три да скитаат и три да останат со сопственикот. Меѓутоа науката сугерира дека и мачката како и сите други живи суштества, има само еден живот.
Митот дека мачките имаат девет животи потекнува од египетската култура и митологија. Египетскиот бог на сонцето(Ра) е често прикажан како мачка. Се верувало дека тој ја превзема формата на мачка кога го посетува земниот свет. Легендата вели дека Ра од своето тело родил 8 богови кои претставуваат девет животи во едно.
Најчесто на мачките им се препишуваат девет животи бидејќи бројот девет се смета за магичен број.
Во античка Грција бројот девет се однесувал на тројството на сите тројства и се сметал за натприроден број.
Во Кина бројот девет се смета за среќен број и е многу застапен во митологијата со змееви. Во Германија, Бразил и некои земји од шпанското говорно подрачје веруваат дека мачките имаат седум животи, турските и арапските легенди истакнуваат дека има по шест.
Некои луѓе веруваат дека митот за девет животи е поврзан со способноста на мачките секогаш да се дочека безбедно на нозе. Мачките имаат флексибилни коски и лигаменти што им помага да издржат минимални повреди од многу различни несреќи. Благодарение на рефлексите и еластичноста може да издржи падови и други поголеми несреќи.

Поврзани вести