Ви издвојуваме неколку заблуди во кои некои од нас и понатаму веруваат.

1. Нинџите не носеле црни костими. Тие носеле било што, што би им помогнало да се претопат во масата и да ја извршат својата задача.

2. Косата и ноктите не продолжуваат да растат по смртта. Тие изгледаат подолги затоа што по смртта доаѓа до атрофија и сушење на ткивото.

3. Гајдите не настанале во Шкотска. Тие биле вообичаени на блискиот исток повеќе од илјада години пред да стигнат во оваа земја.

4. Бикот не реагира негативно на црвената боја. Она што кај нив предизвикува чувство на закана е кога матадорот ја движи ткаенината пред нив.

5. Шеќерот не предизвикува хиперактивност кај децата. Научни студии ја побиле оваа теорија.

6. Викинзите не носеле шлемови со рогови. Се претпоставува дека овој мит настанал во 19 век откако такви шлемови биле видени во оперите на Рихад Вагнер, кои биле инспирирани од нордиските легенди.

7. Наполеон не бил низок. Со своите 168 сантиметри бил дури и над просекот во висина кај мажите од тоа доба.

8. Кинескиот ѕид не се гледа од вселената. Ниту една градба не се гледа од вселената, но можно е да се забележат светла од големите градови.

Поврзани вести