Македонија

Каровски се сретна со заменик-претседателот Женгронг

Денеска првиот човек на Центарот за традиционална кинеска медицина од Штип, Мартин Каровски, во Скопје се сретна со висока кинеска владина делегација, предводена од г-дин Венг Женгронг, заменик претседател на високо државно партиско тело еквивалент на Парламент во НР Кина. 

На состанокот беше разговарано за можностите за развој на традиционалната кинеска медицина во Северна Македонија. Штип е градот кој од 2016 прв во југоисточна Европа има јавна установа за традиционална кинеска медицина и како таков е носечка институција за развојот на оваа наука во земјава, но и во регионот. 

Соработката со НР Кина во следните две години ќе биде крунисана преку реализација на заедничкиот меморандум за Центарот во Штип, според кој четворица професори од врвни кинески државни универзитети ќе дојдат во Штип во период од 6 до 12 месеци.  

Покрај Женгронг, на состанокот беа присутни и гувернерот на провинцијата Сичуан, градоначалникот на градот Сунининг, директори на болници за ТКМ, како и претставници на големото народно собрание на НР Кина. 

Поврзани вести