Занимливости

Душите на старите Египќани се кријат во…

Статуите во древен Египет воглавно се држале во гробниците, а луѓето верувале дека во нив се наоѓа душата на покојникот. Ним им се оставале подароци со цел истите да “му се најдат” на покојниот.
Кога се случувало статуата да не ја исполни својата должност(кога ќе се случела некоја несреќа), некои луѓе намерно ги уништувале тие статуи.
Тоа го правеле осакатувајќи ги статуите(нос, очи, уши..) за душата на покојниот да не може да гледа или слуша во задгробниот живот. Барем така верувале древните египјани.
Овој чин на вандализам се случувал и во Грција, Рим па дури и во Персија.
На овој начин личноста поради која е направена статуата ќе биде понижена во задгробниот живот.
Токму поради тоа денес среќаваме бројни познати митолошки и историски личности, како Херкулес, исклесан во камен и без нос.

Поврзани вести