Спорт

Шеќероски на џудо семинар во Белград

За време на викендот во Спортската сала „Шумице“ во Белград (Република Србија) се одржа семинар за џудо тренерите од регионот.

Во експедицијата на џудо тренерите од Прилеп кои ја претставуваа Македонија, на покана на Џудо Федерацијата на Македонија на семинарот учествуваше и тренерот на Џудо Клубот „Гладијатор“ од Кочани Драган Шекероски.

Со семинарот раководеше Хироши Таканиши – 8 ДАН а истиот се одржа под мотото „Направи го подобар својот клуб“ кој опфаќа работа со деца на возраст од 08 – 12 години.

Впечатоците од семинарот набргу ќе им бидат преставени на младите џудисти ширум клубовите и џудо школите низа државата.

Поврзани вести