Се зголемува бројот на жртвите од силните земјотреси што ја погодија Албанија во утринските часови.
Се уште не е позната судбината на четворица косовски граѓани кои биле сместени во мал хотел во Драч кој е целосно урнат. Не се исклучува можноста во хотелот да настрадал и некој од персоналот.
Спасувачки екипи се максимално ангажирани во отстранување на урнатините од петкатница во Драч и повеќекатница во Туман. Според очевидци, под урнатините во зградата во Туман има девет лица – членови на две семејства.
Работата ја отежнуваат честите потреси, кои од неколку минути пред четири часот ја надминуваат бројката од 110 потреси.
Инаку, по силниот земјотрес во 3:56 со јачина од 6,4 степени според Рихтер, речиси со идентична јачина, 6,3 степени регистриран е потрес во 7:20 часот.