Здравје

Ви треба посебна исхрана во ,,оние денови”

Нутритивните потреби на една жена се менуваат во текот на менструалниот циклус, не само поради хормонскиот дисбаланс туку и поради губење на есенцијални минерали и витамини преку крварењето.
За да се избегне тоа, лекарите препорачуваат избалансирана диета, ускладена со циклусот.
Одредени производи можат да ви помогнат да го одржите потребното ниво на овие елементи и полесно да се изборите со грчевите, главоболката, мачнината, уморот и надуеноста.

Брокулата изобилува со железо, влакна, магнезиум и калиум кои го регулираат варењето и ја опуштаат карикатурата .

Бананата е најдобра ужина која можете да ја имате во тој период. Како и брокулата, богата е со калиум, магнезиум и влакна, па ја подобрува работата на цревата, помага при дијареата и ја намалува желбата за грицки.

Црната чоколада содржи многу здрави минерали како железото и магнезиумот, исто така содржи и антиоксиданси кои овозможуваат подобар проток на крвта и опуштање на крвните садови.

Лососот содржи омега 3 масни киселини и е богат извор на протеини, го намалува воспалението, ги ублажува грчевите и го регулира менструалниот циклус.

Ѓумбирот ги намалува болките. Можете да го додадете во свеж облик, во чај за да го намалите непријатното чувство во абдоменот.

Портокалот и лимонот освен што изобилуваат со витамини, содржат и многу железо и вода што помага во варењето, хидратација на организамот и ги ублажуваат мачнините.

Поврзани вести