Здравје

Редовните самопрегледи клучни во раната детекција на ракот на дојка

За успешен самопреглед на дојка треба да ја познавате ноемалната состојба на своите дојки.
Самопреглед треба да направите еднаш месечно непосредно по менструалниот циклус.
Ако сте во менопауза, прегледот правете го во ист ден секој месец.
Жената која употребува орални контрацептиви самопрегледот го врши со земањето на првата таблета од новата кутија.
Пред огледало во стоечки став со рацете над главата, рацете покрај телото и рацете на половината и наведнати кон напред, испитајте ја симетричноста на дојките, присуството на избабнувањата или вдлабнувањата на формата, промени во квалитетот на кожата.
Следниот чекор е преглед на дојката во лежечка положба.
Со десната рака се опипува левата дојка и обратно.
За опипување на дојките користете ги врвовите од трите средни прсти, се користи средно јак притисок и кружни движења.
Важно е со опипувањето да ја покриете целата дојка, од клучната коска до почетокот на стомакот и од пазувата до градната коска.

Поврзани вести