Тоа што ретко им успеваше во Собрание, пратениците го направија во спортската сала Борис Трајковски.Се собраа на едно место за да примат вакцина против ковид. И тие дојдоа  на ред за имунизација откако влегоа во критичната инфраструктура на вработени.

Ги предводеше првиот човек на законодавиот дом, со надеж дека со овој чекор,  ќе се нормализира начинот на работа во Собранието. Џафери ги пријавил сите 120 на број, но не знае колку пратеници одлучиле да се вакцинираат.

И пратениците очекуваат со вакцинацијата да се надминат причините за недоразбирањата меѓу политиките партии и да се нормализира работата во парламентот.

Но не изостаени ниту негодувањата дека наместо со Фајзер како што им беше најавено, ги вакцинирале со Спутник.

Вакцини примија и дел од собраниската служба. Инаку паралелно,со Фајзер во салата се вакцинираа и лицата над 73 години. Со оваа вакцина и утре продолжува имунизацијата на оваа група граѓани и хронично болните.